Уште девет дена остануваат од трансфер-периодот на Островот, а сега пристигна информација дека ривалите договараат размена на двајца играчи.
Во претходните денови многу се пишуваше за заминувањето на Алехандро Гарначо од редовите на „Црвените ѓаволи“, како и на Кристофер Нкунку од редовите на „сините“.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓
Аргентинецот не одговара баш на тактичките замисли на новиот тренер, Рубен Аморим. Гарначо по природа е класично крило, а португалскиот стратег игра со формација со две „десетки“, без вистински крила.
Откако дојде, го ставаше на повеќе позиции, токму на таа „десетка“, како и на позицијата на крилен бек, но тоа не одеше најдобро. Проблем кај Гарначо е и недостигот на дисциплина што го покажа во неколку наврати.
Како што пренесува реномираниот новинар на германскиот „Скај“, на повидок е размена на лутите ривали за овие два млади играчи.
🚨🔴|🔵 EXCL | Manchester United and Chelsea are considering a swap:
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) January 24, 2025
Between Alejandro Garnacho and Christopher Nkunku.
There is no final decision on this yet, but this swap is an idea that has been discussed. #MUFC #CFC @SkySportDE 🇦🇷🇫🇷 pic.twitter.com/LAUxICZLRm