Дома Фудбал Реал Мадрид најде нова „деветка“ – доаѓа моќен Колумбиец!

Реал Мадрид најде нова „деветка“ – доаѓа моќен Колумбиец!

Реал Мадрид наводно покажал интерес за ангажирање на колумбискиот напаѓач Џон Дуран од Астон Вила.

Дуран игра одлично во дресот на Астон Вила и привлече големо внимание. Се споменува можен трансфер во некои од големите клубови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


21-годишникот на масата има понуда од ПСЖ. Францускиот шампион веќе понудил 75 милиони евра на тимот од Бирмингам за да го обезбедат трансферот за летото, но Вила го одбила тоа.

Очигледно е дека англискиот тим сака повеќе пари, а сега во игра влегува и Реал Мадрид, што би можело значително да ја зголеми цената.

Реал во составот нема класична „деветка“. Главно таа позиција ја покриваат крилни напаѓачи, па „Кралевите“ се подготвени да реагираат на пазарот и да ангажираат класичен напаѓач.

Дуран им го привлече вниманието. Моќниот Колумбиец се смета за идеално решение за нападот, но нема да го добијат во Мадрид така лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што е со Меси? Гвардиола го избра најдобриот талент кој го тренирал!

Пеп Гвардиола, тренер кој зад себе има богата кариера со работа во екипи како Барселона, Б…