Британскиот новинар Бен Џејкобс, кој на социјалната мрежа „Икс“ го следат повеќе од 300.000 луѓе, пишува дека Саудијците навистина подготвуваат астрономска понуда за Реал Мадрид за најдобриот играч на европскиот и шпанскиот шампион Винисиус Жуниор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најверојатно, богаташите од Блискиот Исток се подготвени да платат отштета од 350.000.000 евра за одличниот Бразилец, кој лани беше втор во изборот за „Златна топка“, а прв во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот.
Тоа би бил далеку најскап трансфер во историјата на фудбалот, а Винисиус би завршил во Ал Ахли, каде би играл со сонародникот Роберто Фирмино, добивал огромна плата и бил најплатениот играч на планетата.