Денес со почеток од 14:30 часот се одиграа пет натпревари од македонската лига во кои имаше изненадувања, како поразот на Вардар од Работнички и ремито на Шкендија против Академија Пандев.
Работнички после лошиот старт полека почнува да се искачува на табелата и после оваа победа тие се наоѓаат на седмото место. Дека Работнички полека влегува во добра форма, покажува и денешната победа над Вардар во градското дерби од 3:1. Од друга страна за Вардар ова е втор пораз во низа во домашното првенство, после минималниот пораз од Победа во изминатото коло. Веројатно за црвно-црните шокатно делуваше високиот пораз од Реал Сосиедад од 0:6.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот го отвори Сержињо во 17 минута од средбата, тоа беше и единствениот погодок во вториот дел. Во вториот дел Вардар преку Блажевски успеа да стигне изедначување во 70 минута, нo само три минути подоцна Стјепановиќ погоди за ново водство. Точка на натпреварот стави Тодоров во 82 минута од средбата.
Како и Вардар и екипата на Шкендија денес доживеа пораз. Лидерот на табелата беше поразен на гостувањето во Струмица кај одличниот тим на Акадмија Пандев е најголемото изненадување во новата сезона. Пандевци славеа победа со 3:2 во овој натпревар.
Балдовалиев донесе предност за домаќините во 24 минута, на 2:0 зголеми Марков во 52 минута, а само една минута подоцна Шкендија намали на 2:1 со голот на Радески. Во продолжение изгледаше како гостите да ја имаат контролата на натпреварот, стигнаа и до израмнување во 71 минута преку Ибраими. Но во 90 минута следуваше „студен туш“ за Тетовчани, нивната мрежа ја погоди Чешмеџев.
Во останатите натпревари Пелистер запиша пораз од Силекс со 1:2, Ренова го декласираше Скопје со 5:1 и Шкупи минимално со 1:0 ја совлада Победа.