Дома Останати Ракомет Владо Недановски ќе има нова улога во Вардар

Владо Недановски ќе има нова улога во Вардар

Владо Недановски во иднина ќе има нова функција во екипата, и ќе биде задолжен за функционирање на сите младински категории на клубот. Поранешниот играч на „црвено-црните“ кој со екипата освои и две европски шампионски титули во Келн и претходните неколку сезони беше и прв тренер, сега ќе биде на место каде ќе има целосна посветеност во работата со младите играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вардар веќе има одлична пионерска екипа на ракометари родени 2010 и помлади која есенскиот дел на сезоната го заврши доминантно, и со максимален број бодови и постигнати голови, а така ќе се продолжи и со другите категории. Кадетите и младинците се исто така во системот на натпреварување.

Плановите на клубот се во иднина младинските екипи да имаат подобар третман и услови за работа и за создавање на нови ракометари.
Недановски ќе работи заедно со тренерите на сите младински селекции и ќе бидат посветени на наоѓање и препознавање на идните ракометари, и на градењето на здрави спортски личности од кои се очекува во иднина да бидат и дел од првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…