Дома Останати Тенис Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Не знам дали ќе продолжиме, мора да разговараме

Мареј за соработката со Ѓоковиќ: Не знам дали ќе продолжиме, мора да разговараме

Најдобриот тенисер на сите времиња – Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот меч на Австралија Опен по загубениот прв сет од Александар Зверев.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Повредата беше посилна од Новак, но сепак имаше многу позитивни работи во неговата игра на овој турнир.

Енди Мареј беше тренер на Новак во Австралија, но не е сигурно дека ќе остане.

Британецот се огласи по ова прашање…

 „Новак и јас се договоривме по турнирот да разговараме. Тоа и ќе го направиме“ истакна Мареј и додаде:

Тешко е. Кога ќе стигнеш до оваа фаза на турнирот, чувствуваш дека си многу блиску до нешто посебно и за жал, ако телото не реагира како што би сакал, тоа е навистина лошо. Со Новак секогаш постои надеж бидејќи е одличен играч и претходно нашол излез од тешки ситуации. Меѓутоа, овој пат не беше така“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, ка…