Дома Останати Тенис Зверев им одржа лекција на критичарите на Ѓоковиќ

Зверев им одржа лекција на критичарите на Ѓоковиќ

Германскиот тенисер, Александер Зверев се пласира во финалето на Австралија опен откако Новак Ѓоковиќ му го предаде полуфиналниот меч откако го загуби првиот сет во тајбрек поради повреда – 0:1 (6:7).

Затоа едно од прашањата на конференцијата беше насочено токму кон тоа што Новак прави „многу паузи“, а ретко кога повикува лекар за да му помогне, на кое Зверев имаше моќен одговор.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


– Не! Новак го знае своето тело подобро од било кој друг. И, што би направил докторот? Разговарав со неговиот тим по мечот, веќе беше на таблетки за намалување на болката. Знаеше што се случува, имал слична повреда претходно. Знаеше дека ако повика доктор само ќе земе нови таблети, а постои граница колку таблети може да се земаат. Подобро би било да престанат со обвинувања кон Новак, бидејќи Новак направил сè што можел на тенискиот терен во последните 20 години. Тој го освои овој турнир со абдоминална повреда кога многу играчи не би продолжиле ни да играат. Потоа и со истегнување на мускулот… Мислам дека сите треба да го почитуваме тоа. Никој во овој спорт не направил толку колку што има тој. Мора навивачите да покажат почит. Немам што да додадам!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со господска порака: Сакам да го освоиш турнирот, пријателе!

Новак Ѓоковиќ го предаде денес мечот од полуфиналето на Австралија опен откако го загуби п…