Дома Фудбал Четири клуба од Премиер лигата се борат за напаѓачот кој блеска оваа сезона

Четири клуба од Премиер лигата се борат за напаѓачот кој блеска оваа сезона

Третопласираниот тим на Премиер лигата Нотингем Форест решен е во тоа дека во зимскиот трансфер период ќе го доведе центарфорот на Вулверхемптон Вондерерс, 25-годишниот Бразилец Матеус Куња, соопштија во среда британските медиуми. “Шумарите” сакаат да завршат меѓу четирите најдобри екипи на Островот за следната сезона да играат во Лигата на шампионите и им е потребен расен напаѓач каков што е Матеус Куња.

Тој со десет погодоци се наоѓа меѓу најдобрите стрелци на Премиер лигата, а, покрај класичен центарфор, може да игра и крилен напаѓач, и тоа на двете крила. Нотингем Форест во јануари веќе се обиде да го зајакне својот напад. На нивната цел беа центарфорот од Брентфорд Жоан Виса, но понудата на Форест од 26 милиони евра беше одбиена.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Сега се надеваат дека ќе можат да го убедат Куња да се пресели во нивните редови, бидејќи им се насмевнува играње во Лигата на шампионите, додека Бразилецот го очекува борба за опстанок ако остане во Вулверхемптон, кој е на 17-то место, односно блиску до зоната на испаѓање.

Проблем е тоа што за бразилскиот напаѓач интерес покажуваат Челзи, Тотенхем, а најмногу Арсенал. Матеус Куња пристигна во Вулверхемптон во јули 2023 од Атлетико Мадрид, а англискиот клуб плати обештетување од 50 милиони евра за него. Бразилецот има договор со Вулвс до крајот на јуни 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го доби дербито, Реал броеше до пет, Арсенал во осминафинале

Исклучително возбудливи и ефикасни дуели беа видени вечерва во седмото коло од Лигата на ш…