Нико Ковач (53) е еден од кандидатите за тренерската позиција на германскиот великан и актуелен вицепрвак на Европа, Борусија Дортмунд, известува Флоријан Плетенберг, дописник на Скај Спортс за Бундеслигата. Плетенберг пишува дека кандидати се и Германецот Роџер Шмит, кој неодамна доби отказ од Бенфика, и Ерик тен Хаг, кој е отпуштен од Манчестер Јунајтед. Нури Шахин доби отказ поради лоши резултати во лигата и моментално тимот го води тренерот од младинската академија, Мајк Тулберг.
Ковач е без клуб од март 2024 година, кога е отпуштен од Волфсбург. Изминатите месеци беше поврзуван со францускиот Рен, германскиот второлигаш ХСВ, Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати, со Динамо по смената на Сергеј Јакировиќ, па дури и со Ливерпул, што самиот го демантираше, а неодамна одби понуда од турскиот Бешикташ.
🚨⚫️🟡 Нико #Ковач е еден од кандидатите за Борусија Дортмунд, како што беше објавено во понеделникот. Тој е разгледуван внатрешно и би бил веднаш достапен.
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) January 22, 2025
Роџер #Шмит се гледа како идеално решение од многумина од #БВБ шефовите. Меѓутоа, ќе биде потребно сериозно напор да… pic.twitter.com/DWgVsWb0Qp