Дома Останати Ракомет Потресно сведоштво од Вараждин: Не апсеа и плаќавме глоба од 173 евра – ни велеа и дека казната е 600!

Потресно сведоштво од Вараждин: Не апсеа и плаќавме глоба од 173 евра – ни велеа и дека казната е 600!

Maкедонската репрезентација ја победи Гвинеја и обезбеди втора фаза на Мундијалот во Хрватска, но по овој натпревар се коментира и за односот на службите за безбедност кон македонските фанови на трибините.

На социјалните мрежи потресно сведоштво имаше познатиот „Боемот“ кој исто така бил на трибините и бил помеѓу жртвите на бруталноста и лошиот однос на лицата од обезбедувањето.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Во продолжение неговото сведоштво:

„Пирова победа против Гвинеја – еве ја вистината за апсењата на трибините

Последен ден од нашето патување во Вараждин. Играа Македонија – Гвинеја, лесен натпревар со однапред познат исход и очекувана лесна победа.

Хрватските полицајци и обезбедување од лесен натпревар направија вистински хорор. Заради носење знаме од Кутлеш НЀ АПСЕА и нѐ тераа да платиме глоба од 173 евра додавајќи образложение дека сме требало да платиме и по 600 евра ама дека ќе ни излезат во пресрет. Нѐ малтретираа, нѐ тераа да се потчиниме. Чудно е како на овој натпревар знамето од Кутлеш не само што не смееше на ограда, туку не смееше ниту во раце да се држи.

Тензијата се осеќаше во воздухот. Полицијата вечерва по секоја цена сакаше да апси. Имаше човек што е уапсен заради гестикулација кон холандски навивач случајно наоѓајќи се во арената. Друг беше уапсен заради тоа што внатре во арената МУ ДАЛЕ ДРЕГЕР да дува дали е пијан. Ниту вози, ниту ништо, туку гледа ракомет, а внатре се точи пиво. За иронијата да биде уште поголема и ако му пишувало и 0,0 промили алкохол пак приведувале“, пишува „Боемот“.

Десетина души во кое спаѓа моето друштво како што се гледа и на видеата беа апсени заради носење на симболот од Кутлеш. Апсени затоа што си го сакаат своето, си ја сакаат Македонија. Затоа што знаеме дека резервна татковина немаме и наше е да ја бодриме каде и да игра, па да бидеме осми играч на секој меч.

Хрватите покажаа невидена ароганција. Уринираа на сѐ добро од минатите години и заедно со нивните браќа од ИХФ го понижија Македонецот.

Како и да е. Вечерва бевме понижени, финансиски казнети, малтретирани. И не ни е криво – ЌЕ СТРАДАМЕ, НО НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ!“, пишува „Боемот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ИХФ го промени терминот за натпреварот против Австрија

ИХФ доцна синоќа ги промени термините за натпреварите на Македонија против Австрија и Ката…