Ракометната федерација на Македонија вчера најави жалба за лошата арбитража на данските судии во натпреварот со Холандија, а сега жалба најавија и Холанѓаните.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Данците ќе се жалат за флрањето предмети од страна на македонските фанови на теренот по завршувањето на средбата.
„Случувањата на крајот беа застрашувачки, но за среќа немаше повреда. Сигурно нема да оставиме вака да завршат работите и подготвивме извештај за се што се случуваше. Вакво однесување не е за на ракометните терени“, изјавил за холандските медиуми, Ваи Вонг, помошник селекторот на Холанѓаните.
Секако дека не е за оправдување фрлањето предмети на теренот, меѓутоа Холанѓаните треба да признаат и дека сето тоа е предизвикано со судењето на средбата кое беше во нивна корист.