Дома Ракомет Шок за Хрватска: Дувњак се повреди, со солзи го напушти натпреварот

Шок за Хрватска: Дувњак се повреди, со солзи го напушти натпреварот

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се повреди на почетокот на натпреварот против Аргентина во второто коло на Светското првенство.

Дувњак ја напушти играта во осмата минута, а потоа лекарите му пружија асистенција во соблекувалната.

Чувствуваше болка во потколеницата и во солзи отиде во соблекувалната. Ова е последно големо натпреварување на Дувњак со репрезентацијата.

Има 36 години и зад себе има бројни успеси, од кои последен е сребрениот медал од ЕП 2020 година.

Тој постигна два гола на првиот натпревар против Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар 1961 го освои Нант: Валах блескаше за голема гостинска победа!

Вардар 1961 славеше со 33-27 кај Нант за прва победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите.…