Дома Останати Ракомет Унгарскиот селектор незадоволен од судењето

Унгарскиот селектор незадоволен од судењето

Машката репрезентација на Македонија во првото коло од групната фаза на Светското првенство одигра реми против силната Унгарија, 27:27, иако можеше да освои два големи бода.

По натпреварот своја изјава имаше селекторот на унгарската репрезентација, кој меѓу другото се пожали на судењето.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Треба да бидеме задоволни со конечниот резултат. Не примавме лесни голови, но не ги користевме нашите шанси во нападот и си направивме да ни биде многу потешко на оваа средба. Најважно за тимот е да не се предава и кога е тешко, а тоа се случи на крајот. Освоивме бод, што не е толку лошо за прв натпревар на еден ваков турнир.

Не е лесно да се игра против Македонците, посебно кога судиите им дозволуваа толку долги напади и многу додавања. Успеавме да го спасиме натпреварот во финишот и тоа е најважно, изјави унгарскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски: Овој бод му го посветуваме на Јовиќ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, освоениот бод синоќ…