Македонската ракометна репрезентација играше нерешено 27:27 против репрезентрацијата на Унгарија на првиот натпревар на СП во Вараждин.
Унгарија подобро го почна натпреварот, поведоа со 5-2, но потоа следуваше фантастична серија на Македонија од неверојатни 8-1 по која дојдовме и до предност од 10-6. До крајот на првиот дел постигнавме уште четири голови, противникот даде осум и со 14-14 се замина на одморот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Во 55 минута Македонија имаше предност и напад за +2, но загубената топка придонесе за ново израмнување. На три минути до крајот избраниците на Лазаров влегоа во ново водство, но Унгарците некако успеаја одново да останат во трка.
Сепак, одличниот Кузмановски одново ја врати предноста, а до крајот имаше уште една минута. Митревски одбрани напад на Унгарија, па нашите ракометари влегоа со можност да ја запечатат победата. Меѓутоа загубивме топка па Унгарија даде гол и се спаси од праз.
Филип Кузмановски со седум погодоци беше прво име во македонската репрезентација, играјќи максимално борбено и ангажирано, како што му доликува на капитен. Зад него се најдоа Митев и Мартин Велковски со по три гола. Фантастичен беше и големанот Митревски, кој средбата ја заврши со 14 одбранети удари