Дома Трансфер зона Мурињо ќе пазари во Хрватска – Одличното момче е пред чекор од „Олд Трафорд“

Мурињо ќе пазари во Хрватска – Одличното момче е пред чекор од „Олд Трафорд“

Динамо Загреб наскоро би можел да направи уште една одлична работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот фудбалер на овој тим, Филип Бенковиќ добил неколку понуди од врвни европски гиганти, а како што стојат работите, тој на крајот ќе заврши во редовите на Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо минатиот викенд испратил скаути на натпреварот против Хајдук во Сплит, каде што го следеле 20-годишниот дефанзивец, кој наскоро би можел да стане нова голема работа за тимот од Загреб.

Бенковиќ многумина го сметаат за идна ѕвезда на европскиот фудбал. Фактот дека покрај фантастичната игра во одбраната добро се снаоѓа и пред противничкиот гол, уште повеќе му ја зголемува вредноста и неколку европски клубови сакаат да го видат во своите редови.

Манчестер Јунајтед за сега е прв во редот. Тие наводно уште во јануари ќе се обидат да потпишат со овој фудбалер, со што играчот би останал во Динамо до крајот на оваа сезна, а потоа би се преселил на „Олд Трафорд“.

Цената на Филип на пазарот е осум милиони евра, но сигурно дека хрватскиот клуб ќе извлече многу повеќе пари за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…