Дома Топ вести 250 милиони евра за „најжешкиот“ фудбалер на пазарот се премногу за Реал

250 милиони евра за „најжешкиот“ фудбалер на пазарот се премногу за Реал

Првиот човек на мадридскиот кралски фудбалски гигант, Флорентино Перез, тврди дека Реал Мадрид загубил интерес за потпишување договор со Хери Кејн бидејќи Тотенхем би барал 250 милиони евра за него.

Англискиот интернационалец е еден од „најжешките“ фудбалери во моментов, со 45 гола во 40 меча во 2017 година, и нормално формата донесе интерес со Реал Мадрид, а шпанските медиуми тврдеа дека Перез веќе почнал со преговорите кога Тотенхем гостуваше на „Сантијаго Бернабеу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Перез вели дека нема да го рушат рекордот за потпис на фудбалер (моментално на 222 милиони евра за потписот на Нејмар со ПСЖ).

„Можноста да потпишеме договор со Хери Кејн не ми помина низ умот. Тој е голем фудбалер и младоста е на неговата страна, така што може да биде уште подобар. Меѓутоа, ние сме задоволни со Карим Бензема и со остатокот од клубот. Не го прашав претседателот на Тотенхем за цената бидејќи сигурно ќе ми кажеше 250 милиони евра“, вели Перез.

Тотенхем ги пречекува мадриѓани на „Вембли“ следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…