Дома Фудбал Меси повторно во дресот на Барселона? Шпанците тврдат – можно е!

Меси повторно во дресот на Барселона? Шпанците тврдат – можно е!

Лионел Меси (37) би можел да се врати во Барселона, смета El Nacional. Аргентинската ѕвезда има договор со Интер Мајами до крајот на 2025 година, а шпанските медиуми веруваат дека ќе потпише нов, со кој би останал во американскиот клуб барем до декември 2026.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ако Меси ја продолжи соработката со Мајами и ја игра втората сезона во МЛС, ќе се активира клаузула според која американските клубови можат да ги позајмуваат фудбалерите во период кога не трае нивната сезона, а тоа е од ноември до крајот на февруари, пишува El Nacional. Шпанските новинари сметаат дека играњето за Барселона би му помогнало на Меси да одржува форма и подготвен да го дочека Светското првенство, кое во јуни 2026 година ќе започне во Северна Америка.

На Аргентинецот, според многумина најдобриот фудбалер во историјата, тоа би можело да му биде последното големо репрезентативно натпреварување во кариерата. „Порано се зборуваше за враќање на Меси во Барселона врз основа на гласини без вистинска основа. Но, сега работите би можеле да се променат и аргентинската ѕвезда би можела повторно да го облече дресот на Барселона“, пишува El Nacional, додавајќи дека тоа е само можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле ги запали сите аларми пред финалето во ЛШ

Париз Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампиони против Арсенал, …