Дома Фудбал Постигнат договор: Арсенал се засилува со уште еден шпански репрезентативец!

Постигнат договор: Арсенал се засилува со уште еден шпански репрезентативец!

Мартин Зубименди заминува во Премиер лигата, но не во Ливерпул и не на местото на Родри во Манчестер сити, туку во – Арсенал.

Бројни извори од Островот, како што е Дејли Мејл, но и Фабрицио Романо, потврдуваат дека Арсенал интензивно работи на потпишувањето на Зубименди, и конечно го доби неговото “да”.

Зубименди му најави на Реал Сосиедад дека сака да замине, но на крајот се согласи да остане до летото, кога ќе го засили тимот на Микел Артета.

Арсенал е подготвен да ја активира неговата откупна клаузула, а со согласноста на играчот, Реал Сосиедад повеќе нема да може да го задржи.

Да потсетиме, Зубименди досега ги одби Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул, беше верен на својот Реал Сосиедад, но сфати дека е вистинскиот момент за нов предизвик и поголем клуб.

Тој има 25 години, еден од најдобрите на својата позиција, а тоа што ќе игра во тандем со својот поранешен соиграч Микел Мерино сигурно и тоа како му одговара.

Микел Артета така ќе го реши големиот проблем во средниот ред бидејќи Томас Парти и Жоржињо се во последната година од договорот и на лето стануваат слободни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Окафор го реши Тотенхем за 97 секунди, бура поради стартот на Богл

Лидс славеше со 1-0 и ја прекина серијата без победа, но мечот го одбележа и спорната одлу…