Дома Фудбал Артета донел одлука: Го „жртвува“ Украинецот Зинчеко за големата желба?

Артета донел одлука: Го „жртвува“ Украинецот Зинчеко за големата желба?

Универзалецот Олександр Зинченко може да го напушти Арсенал во зимскиот преоден рок.

Според информациите од Скај спорт, Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана за неговото доаѓање до крајот на јануари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно, Дортмунд му нуди на Арсенал опција за заем, но и задолжителен откуп на крајот на сезоната. Се шпекулира дека обештетувањето летово би можело да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Украинецот повеќе не е во прв план кај Микел Артета, пред него е Рикардо Калафјори, а на левата страна играше и Јуријен Тимбер, па се чини дека можеби е дојдено време за разделба.

Зинченко пристигна како големо засилување од Манчестер сити, летото 2022 година за 35 милиони евра и беше од големо значење, но сега потполно падна во втор план.

Оваа сезона одигра само 11 натпревари во сите натпреварувања, на теренот помина 331 минута, поради повреда, но и по закрепнувањето остана стандардна резервна опција.

Не е тајна дека Артета сака да го засили нападот, опција е повторно Душан Влаховиќ, но за тоа е потребно да се наполни касата. Зинченко изгледа како оптимално решение…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …