Снимката која настана по победата на Барселона против Реал Мадрид во натпреварот за титула во шпанскиот Суперкуп стана вирална поради потегот што го направи Ламине Јамал согласувајќи се на фотографија со млад фан. Неговиот потег го нарекуваат контроверзен во Marca.
Барселона, да се потсетиме, го совлада Реал со 5:2 во натпреварот за титулата што се играше во Саудиска Арабија. Јамал, стрелецот на првиот гол за Барселона, беше еден од најдобрите играчи на натпреварот, но и мета на обожувачите по него.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
На снимката која се шири на социјалните мрежи, на Јамал му пријде дете во дрес на Реал. Младата ѕвезда на Барселона не ја одби фотографијата, но го прегрна детето на начин што со испружена дланка го покри грбот на омразениот ривал на неговиот дрес.. Во Marca се наведува дека навивачите на Реал го осудуваат овој потег.
Lamine Yamal hides the Real Madrid crest worn by a Real Madrid fan😂❤️ pic.twitter.com/BBee9x1U4k
— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) January 13, 2025