Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, изјави дека можноста да остане во тимот е повеќе од реална.
Договорот на германскиот репрезентативец со Баварците истекува претстојното лето, па отворена беше можноста да си замине како слободен агент.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Шансите да останам се многу поголеми од минатото лето, затоа што гледам како играме. За тоа голема заслуга има тренерот. Цела Германија може да види дека играме поразличен фудбал. Ситуацијата изгледа многу подобро. Уживање е да тренираме и да играме заедно“, изјави Кимих.
Интерес за Германецот покажуваат многу гиганти ширум Европа, но тој предност му дава на Баерн Минхен.