Никола Јокиќ пропушти два натпревари поради болест, а пред натпреварот, Нагетс објавија дека неговиот настап е под знак прашалник.
Сепак, Јокиќ играше и брилјираше, а со соиграчот Расел Вестбрук направи нешто што никој досега не го направил.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Јокиќ пропушти два натпревари поради настинка, а можеше да пропушти и трет. Денвер на домашен терен го совлада Бруклин со 124:105, а Јокиќ беше најдобар стрелец (35) во 38 минути игра, скокови (12) и асистенции (15) во натпреварот. Совршената партија ја заокружи со 4 украдени топки. За Јокиќ ова е 15-ти трипл-дабл сезонава и 145-ти во кариерата.
Трипл-дабл постигна и Весбрук. За 36 минути постигна 25 поени (8/17 од поле) со 11 скока и 10 асистенции.
Така, Јокиќ и Вестбрук станаа првите соиграчи во историјата на НБА кои постигнале повеќе трипл-дабл во ист натпревар во една сезона. НБА го истакна ова на социјалните мрежи: „Трипл-дабл машините Јокиќ и Вестбрук се првите соиграчи во историјата на НБА кои забележале трипл-дабл во ист натпревар повеќе пати во една сезона“.
Не е ни чудо што овие двајца постигнаа таков подвиг. Вестбрук е играчот со најмногу трипл-дабл во историјата на НБА (202), Оскар Робертсон е втор со 181, а Јокиќ трет со 145 натпревари во кои го постигна подвигот. Но, се очекува Јокиќ да го симне соиграчот од тронот бидејќи е седум години помлад од Вестбрук (36).
TRIPLE-DOUBLE MACHINES 👊👊
— NBA (@NBA) January 11, 2025
🔋 Jokić: 35p, 15a, 12r
🔋 Russ: 25p, 10a, 11r
They are the first pair of teammates in NBA history to both record a triple-double in the same game MULTIPLE TIMES in a single season 🤯 pic.twitter.com/oAJg8IB8Ul