Фенербахче во натпреварот од првото коло на купот на Турција на гостувањето кај градскиот ривал Касимпаша на стадионот Реџеп Таип Ердоган славеше со резултат од 3:0. Работата на екипата на Жозе Мурињо ја олесни фактот дека Касимпаша на теренот изведе главно играчи од јуниорскиот тим.
Фенербахче го реши натпреварот веќе во првото полувреме. Поведоа со 0:1 веќе во втората минута кога Ен Несири ја затресе мрежата на Касимпаша. Во 27. минута голот за 0:2 го постигна Акчикек, а конечните 0:3 во судиското надополнување на првото полувреме ги постави Елмаз.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Турската фудбалска јавност беше воодушевена од потегот на Мурињо по завршувањето на натпреварот. Португалецот им пријде на играчите и тренерот на Касимпаша и им одржа краток мотивациски говор на теренот.
.Maçın ardından teknik direktör Jose Mourinho, Kasımpaşalı futbolculara bir konuşma yaptı. pic.twitter.com/NWWrdlkUTY
— Ceyhun Samet Yüksel (@ceyhunsamety) January 9, 2025