Италијанските медиуми пренесуваат интересна вест кога во прашање е тренерското место во Милан кое во овој момент му припаѓа на Виченцо Монтела.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, Монтела не ги задоволи апетитите на управата на Милан и наводно веќе на големо се бара негова замена. До овој момент се споменуваа разни имиња, а последен во низата е тренерот на Спортинг Жорж Жесус.
Наводно, спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели веќе одржал состанок со овој стручњак. Жесус во Спортинг пристигна од Бенфика.
Претходно со клупата на Милан се поврзуваа Пауло Соуза, Валтер Мацари, Џенаро Гатузо и Карло Анчелоти кој веќе ја избра Кина.
