Дома Трансфер зона Марко Ројс ја загрижува Борусија: Можеби доаѓа време да пробам нешто ново…

Марко Ројс ја загрижува Борусија: Можеби доаѓа време да пробам нешто ново…

Еден од најдобрите фудбалери на Борусија Дортмунд во последните неколку сезони секако е Марко Ројс, но тој е и еден од ретките кои останал верен на својот тим се до сега. До кога тоа ќе биде така?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марко Ројс секоја година е еден од најинтересните фудбалери на трансфер пазарот, но тој не ја менуваше средината иако за него интерес покажуваа и најголемите клубови во светот.

Тој остана во Борусија, има проблеми со повредите како и и секоја година, што можеби е причината поради која големите клубови се ограничуваат да испратат астрономски понуди за Германецот.

„Во мај ќе наполнам 30 години, потоа следи мој последен голем договор и последна прилика да пробам нешто поинакво“, изјави Ројс.

Неговиот договор со Борусија трае до 2019 година, но би можел да го напушти клубот и на крајот на оваа, секако доколку пристигне адекватна понуда.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека не знам каде би можел да завршам. Среќен сум во Дортмунд, не размислувам што би можело да се случи после 2019 година. Секако ќе дојде време и за тоа, ќе седнеме, ќе разговараме и ќе донесеме одлука“, изјави Ројс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…