Дома Фудбал Кварацхелија е зимска трансфер бомба: Романо откри кој клуб е заинтересиран за неговите услуги

Кварацхелија е зимска трансфер бомба: Романо откри кој клуб е заинтересиран за неговите услуги

Францускиот шампион ПСЖ е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Кварацхелија.

Како што пренесуваат Фабрицио Романо и Скај Италија, веќе се водат преговори меѓу клубот предводен од Луис Енрике и Наполи.

Трансферот би можел да биде вреден меѓу 70 и 80 милиони евра, а Грузиецот е во преговори со Парижаните околу личните услови и тие се во тек – пишува каталонскиот весник Мундо Депортиво.

Според италијанските медиуми, ПСЖ е подготвен да вклучи некои играчи во операцијата за потпишување на Кварацхелија, а еден од нив е и словачкиот централен бек Милан Шкринијар.

Кварацхелија (23) се пресели во Наполи во јули 2022 година, а клубот од стадионот Марадона за него плати 13,3 милиони евра на Динамо Батуми.

Тој беше еден од најзаслужните што тимот од јужна Италија го освои Скудетото во сезоната 2022/23 (по 33-годишна пауза).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони ја загрижи цела Аргентина со својата изјава!

Лионел Скалони зад себе има еден од најуспешните периоди во историјата на аргентинската ре…