Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао е легенда на баскискиот клуб со 447 настапи и 108 голови за актуелниот освојувач на Купот на кралот. Атлетик на тој начин ја обезбеди учеството во шпанскиот Суперкуп, но кој повеќе не се игра само меѓу шампионот и освојувачот на купот на таа земја, ниту пак се игра во неа. Сега се игра како турнир на четирите екипи во Саудиска Арабија. Шпанскиот сојуз го премести натпреварувањето таму и го прошири поради милионската заработка од богатите Саудијци.
Но на Вилијамс тоа воопшто не му се допаѓа, објави по тоа што во полуфиналето на овој Ф4-турнир во Ријад неговиот клуб загуби 0:2 од Барселона, која сега во финалето го чека победникот од денешниот натпревар меѓу Реал и Мајорка.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Штета е што вакви атрактивни натпревари меѓу шпанските клубови се играат на другиот крај на светот и без нашите навивачи. Поточно, имаше неколкумина овде, но тоа е занемарлив број. Да се играше во Шпанија, стадионот би бил полн со нашите навивачи. Срамота е што за Суперкупот на Шпанија мораме да патуваме илјадници километри далеку од нашата земја, навивачите и семејството“, кажа Вилијамс.