Дома Фудбал Италија Монтела: Медиумите пишуваат се и сешто, Бонучи останува капитен!

Монтела: Медиумите пишуваат се и сешто, Бонучи останува капитен!

Tренерот на Милан, Винчецо Монтела, денес се обидуваше да ја смири ситуацијата во врска дефанзивецот на овој клуб, Леонардо Бонучи.

Најскапото летно засилување на Милан оваа сезона ја доби улогата на лидер на теренот, но и капитенската лента. Во италијанските меидуми се шпекулираше дека после натпреварот против Џенова (0:0), Бонучи ја понудил капитенската лента на Рикардо Монтоливо.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Знам дека кога е лоша ситуацијата ваквите работи стануваат големи и „напумпани“ од медиумите. Бонучи никогаш не кажа дека се откажува од капитенската лента. Таквите приказни нас не вознемируваат, но знаеме и дека секогаш ќе ги има“, изјави Монтела пред утрешниот на Милан против Киево.

Монтела во продолжение зборуваше за натпреварот кој го очекува неговиот тим.

„Киево е тим кој не изгубил од 9 септември, се работи за искусен и солиден тим. Мораме да одиграме интелигентно, да го пронајдеме вистинскиот баланс и конечно да започнеме да освојуваме бодови“, изјави Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…