Дома Фудбал УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите поради Мбапе?

УЕФА може да го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите поради Мбапе?

Францускиот шампион Пари Сен-Жермен би можел да се соочи со исфрлување од Лигата на шампионите поради поранешниот фудбалер Килијан Мбапе, пренесува францускиот Л’Екип.

Според правилата на УЕФА, клубовите до 15 јануари мора да ги достават документите кои потврдуваат дека немаат долгови кон своите вработени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Парискиот клуб се соочува со сериозен проблем бидејќи одбива да го исплати својот поранешен напаѓач Мбапе, кој минатото лето премина во Реал Мадрид.

ПСЖ води судски спорови веќе неколку месеци со францускиот репрезентативец кој од парискиот клуб бара околу 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси.

Мбапе веќе победи во два судски спора пред судовите на Француската професионална фудбалска лига, но ПСЖ сè уште одбива да го плати бонусот.

Доколку УЕФА утврди дека ПСЖ ги прекршува правилата, нивното Тело за финансиска контрола на клубовите (CFCB) може да побара долгото веднаш да биде подмирено.

Парижаните во случај на одбивање би можеле да се соочат со сериозни санкции, а санкциите би можеле да вклучуваат парични казни, одземање бодови, одземање приходи, забрана за регистрација на играчи и дисквалификација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Цела Италија му се смее на Мората – промаши цел гол од два метри (Видео)

Шпанскиот голгетер Алваро Мората прво се истакна со асистенција за водечкиот гол на Комо п…