Дома Фудбал Денес може да биде и официјално: Нико Ковач пред нов ангажман!

Денес може да биде и официјално: Нико Ковач пред нов ангажман!

Нико Ковач денеска треба да биде претставен како нов главен тренер на Бешикташ, пренесуваат бројни турски медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хрватскиот стручњак треба да биде официјално претставен во Истанбул, а во потесниот избор за нов тренер на Бешикташ беше и Славен Билиќ.

Последниот ангажман на Ковач беше во март 2024 година, кога поради лоши резултати, доби отказ во тимот на Волфсбург.

Бешикташ чека на титулата во Турција од 2021 година, а 16 пати биле шампиони во историјата на клубот.

Истанбулскиот состав моментално е шести на табелата во Суперлигата, со дури 20 бодови помалку од водечкиот Галатасарај и 12 бодови помалку од второпласираниот Фенербахче. Тоа, се разбира, не е блиску до амбициите на Бешикташ, од кој се навикнавме секогаш да биде конкурент за титутлата. .

Навивачите му замеруваа на тренерот кој ќе биде наследен од Нико Ковач, Сердару Топрактепе, за тоа што екипата немала тимски дух. Наводно, Бешикташ немал квалитетни подготовки, а се шпекулира дека има и несогласувања меѓу соиграчите во соблекувалната.

Нико Ковач ја започна својата тренерска кариера во 2012 година, а дебитираше како асистент на главниот тренер на Лајпциг.

Потоа како главен тренер ги водеше младата и А репрезентацијата на Хрватска. Следуваа три ангажмани во Бундеслигата, каде што седеше на клупите на Ајнтрахт Франкфурт, Баерн Минхен и Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси во чудо гледаше кон навивачите и слушаше што скандираат, а потоа реши да им одговори (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами постигнаа победа од 2:0 против Портланд Тимберс на домашен тер…