Дома Кошарка Денвер може и без Јокиќ

Денвер може и без Јокиќ

И покрај тоа што на овој натпревар го немаше најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ, Денвер успеа да го победи Лос Анџелес Клиперс (126:103).

Во отсуство на Никола Јокиќ, Џамал ​​Мареј беше најефикасен кај тимот со 21 поен, а го следеа Расел Вестбрук и Мајк Портер Јуниор кои постигнаа по 19 поени.

Денвер одигра одлична партија, покажувајќи дека можат да играат и без Јокиќ, кој поради болест отсуствуваше на овој меч.

Клиперси беа најблиску до водство на самиот старт од мечот кога резултатот беше 3:3, но Денвер во тој момент погодија тројка и од тој момент до крајот на мечот го одржуваа водството.

Со оваа победа Денвер се искачи на четвртото место во Западната конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пал ја реши драмата во Битола, МЗТ со одбрана стигна до петтата победа

Штип го совлада Пелистер со 92:87 по неизвесна завршница, а МЗТ Скопје со 79:60 беше подоб…