Дома Фудбал Гулер го воодушеви со потегот откако играчот на четвртолигашот му го побара дресот

Гулер го воодушеви со потегот откако играчот на четвртолигашот му го побара дресот

Турскиот фудбалер Арда Гулер блескаше во синоќешната победа на Реал против четвртолигашот Депортиво Минера (5:0) во шеснаесетфиналето на Купот на кралот, а 19-годишната ѕвезда воодушеви и со потегот по натпреварот.

Имено, камерите го фатија како му приоѓа противничкиот играч Хосе Омар Педромо на полувремето и му бара дрес.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според гестикулациите на Ѓулер, беше јасно дека му вели дека може, но ако Педромо за возврат му го даде својот дрес.

Играчот на Минера го направи тоа, па напуштајќи го теренот, тој и Ѓулер ги разменија дресовите.

“Отидов кај Гулер да му побарам дрес и тој ми го даде. Потоа се изненадив кога тој го побара мојот. Ова е многу убав спомен што секогаш ќе го чувам”, го потврди Педромо по натпреварот она што беше јасно во преносот.

Љубителите на фудбалот по сè, го фалат Гулер бидејќи со противникот кој му побара дрес не се однесуваше како ѕвезда на Реал кон анонимус, туку го третираше со почит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…