Дома Фудбал Англија „Клоп зборува срање, прашајте ги навивачите што мислат за него“

„Клоп зборува срање, прашајте ги навивачите што мислат за него“

За тоа дали Јирген Клоп е навистина толку добар тренер може да се дебатира, но доколку го прашањето Џои Бартон – тренерот на Ливерпул воопшто не е добар.

Бартон го критикуваше Клоп за неговите поранешни изјави дека е „одличен дефанзивен тренер и дека за два часа може да напише книга за одбрана“, со што контроверзниот Англичанец не се согласува.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Очигледно дека ни дефанзивците ни голманите не ја прочитале таа книга. Кога ќе ги видите грешките кои ги прави одбраната на Ливерпул ќе се прашате што прават цела недела? Имаат фантастични напаѓачи, но одлуките околу одбранбените играчи се криминални“, изјави Бартон.

Клоп изјави дека не гледа никого кој би бил подобар менаџер за Ливерпул од него. Па прашајте ги навивачите сега што мислат за тоа. Се што кажува Клоп е само едно обично срање“, заклучи Бартон.

Ливерпул оваа сезона игра под сите очекувања и моментално се наоѓа на 9-то место од табелата во Премир лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватски медиуми: Голман на Вуковар доби отказ зашто следел страница за „Четници“

Хрватскиот прволигаш Вуковар одлучи да го раскине договорот со 18-годишниот Срѓан Недиќ, с…