Дома Фудбал Винисиус откако збесна и го нападна Димитриевски – се извини! (Видео)

Винисиус откако збесна и го нападна Димитриевски – се извини! (Видео)

Фудбалерите на Валенсија и Реал Мадрид вчера на „Месталја“ го одиграа заостанатиот натпревар од 12. коло на Ла Лига. Во турбулентен натпревар, Реал во самата завршница со играч помалку стигна до победа 2:1. Водечкиот гол за Валенсија го постигна Уго Дуоро, додека Лука Модриќ израмни во 85. минута, а Џуд Белингем во 95. минута стрелаше за победнички пресврт.

Во 80. минута за Реал работите се влошија кога директен црвен картон доби Винисиус Жуниор. Крило-напаѓачот на Реал го удри македонскиот голман Столе Димитриевски и по прегледот на ВАР мораше да го напушти теренот. Винисиус потоа се расправаше со сите околу себе..

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


По натпреварот, Бразилецот се извини преку социјалните мрежи социјалните мрежи: „Извинете и благодарам екипо!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најскапото засилување на Ливерпул можно е да се соочи со долга пауза поради сериозна повреда

Ливерпул во саботата извојува значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резулт…