Дома Фудбал Реал со супер-пресврт против Валенсија

Реал со супер-пресврт против Валенсија

Реал Мадрид стигна до голема победа на гостувањето кај Валенсија и тоа со пресврт буквално во последните минути од натпреварот 1:2.

Валенсија подобро го почна натпреварот и со гол на Дуро во 27. минута дојде до водство од 1-0. Димитриевски блесна на голот, не беше совладан и после пеналот на Џуд Белингам во 55-та минута.

Потоа изнуди исклучување на Винисиус, но Реал и со играч помалку успеа да стигне до пресврт.

Лука Модриќ го израмни резултатот во 85 минута, а Џуд Белингам во 96-та минута му донесе победа на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…