Дома Фудбал Барселона ги собра парите за Олмо, но сега има друг проблем

Барселона ги собра парите за Олмо, но сега има друг проблем

Барселона успеа да ги исполни строгите финансиски услови поставени од страна на Ла Лига, со што денеска ги обезбеди последните средства од продажбата на ВИП ложите на стадионот Камп Ноу.

Клучна улога во оваа финансиска операција одиграа две компании со потекло од Катар и Обединетите Арапски Емирати, кои заедно инвестираа дополнителни 28 милиони евра. Со оваа сума, вкупната вредност на трансакциите од продажбата на ВИП местата достигна 100 милиони евра.

Овие средства ќе ѝ овозможат на Барселона да го исполни таканареченото правило „1:1“, кое се однесува на способноста на клубовите да купуваат и регистрираат нови фудбалери за време на зимскиот трансфер период.

Следниот чекор е обработката на финансиските трансакции од страна на банката, по што Барселона ќе достави дополнителна документација до Ла Лига.

Врз основа на овие документи, Ла Лига ќе ја донесе конечната одлука за регистрацијата на фудбалерите Дани Олмо и Пау Виктор, кои се очекува да бидат значајни засилувања за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вредеше 58 милиони евра и беше ѕвезда во Бразил. Сега ФИФА ќе му ја спаси кариерата?

Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон (29), се обрати до ФИФА со барање за раскинување на дого…