Дома Фудбал Барселона објави тажна вест: Се збогуваше со својата легенда

Барселона објави тажна вест: Се збогуваше со својата легенда

Поранешниот фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Перу, Уго Сотил, почина во понеделникот на 76-годишна возраст, соопшти каталонскиот клуб.

Сотил играше за Барселона од 1973 до 1977 година, и со овој клуб освои титула во шпанското првенство во сезоната 1973/1974. Тој за Барселона одигра 96 натпревари и постигна 29 голови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сотил освен за Барселона играше за Депортиво Мунисипал, Алијанца од Лима, Индепендиенте Меделин, Депортиво Мунисипал, Лос Еспартанос и Депортиво Жунин.

За репрезентацијата на Перу од 1970 до 1978 година одигра 62 натпревари и 18 пати се запиша на листата на стрелците. Со перуанската селекција го освои Купот на Америка во 1975 година.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти му даде рок на Нејмар до март за Светското првенство

Селекторот на националниот тим на Бразил Карло Анчелоти не ги затвори вратите на тимот пре…