Дома Фудбал Винисиус: Ако Роналдо вели дека сум најдобар во светот, тогаш јас верувам во тоа

Винисиус: Ако Роналдо вели дека сум најдобар во светот, тогаш јас верувам во тоа

Кристијано Роналдо зборуваше за многу теми, вклучувајќи ги и неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а исто така се осврна и на своите игри во Ал-Наср, и ги спореди со француската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Саудиската лига е подобра од Лига 1 (француската лига), секако. Обидете се да трчате на 38, 39, 40 степени и ќе видите. Франција го има само Пари Сен Жермен. Останатите се готови”, рече Португалецот, и истакна дека Винисиус Жуниор го смета за најдобриот играч на светот. Откако Винисиус ја доби таа награда, според форумот „Глоуб Сокер“, му се заблагодари на Роналдо.

„Ако Кристијано вели дека сум најдобриот фудбалер на светот, тогаш верувам дека е така. Ми е чест и задоволство да бидам овде со Роналдо и Нејмар, двајца од моите најголеми фудбалски идоли”, рече Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …