Дома Трансфер зона Јувентус донесе одлука, ќе го откупи Калулу

Јувентус донесе одлука, ќе го откупи Калулу

Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој ова лето пристигна на позајмица од Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Калулу пристигна на едногодишна позајмица за 3 милиони евра, а Јувентус следното лето ќе може да го откупи за додатни 14 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси.

Меѓутоа, „бјанконерите“ се задоволни од Французинот и нема да го чекаат следното лето, па веќе го известиле Милан дека ќе го откупат договорот.

Калулу веднаш се наметна во првиот тим на „бјанконерите“ и игра одлично, па многумина сметаат дека Милан направи голема грешка што го пушти дефанзивецот кај големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…