Минатиот викенд на боксерскиот спектакл во саудиската престолнина Ријад, Украинецот Олександар Усик (37) во реванш одлуката на судиите едногласно повторно го победи Британецот Тајсон Фјури (36). Усик ги одбрани титулите на WBA, WBO и IBO како светски шампион во тешка категорија.
Во првата борба го освои и IBF, но во меѓувреме ја загуби поради специјални правила на организацијата. Усик останува непоразен во 23 професионални борби по уште една драматична и тесна борба со Фјури, со кој во рингот на два меча помина максимални 24 рунди.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Кога ѕвоното го означи крајот на дванаесеттата, последната рунда, веројатно никој освен судиите не знаеше кој ќе биде победник. Наскоро беше објавено дека судиите едногласно одлучија дека победник е Усик. Со победата Украинецот стана побогат за 70 милиони евра, но во едно од интервјуата по борбата го покажа часовникот, неочекуван за некој со толку дебел паричник.
“Ова е кинески Rolex. Бев во Турција за време на подготовките и на една плажа видов некои лица како продаваат Rolexe. Предпоставив дека, ако купам еден, никој нема да предпостави дека е фалсификат. Така, го купив за 100 долари”, рече Усик.
😂⌚️ Oleksandr Usyk admits wearing a chinese copy of Rolex that he bought for $100 in Turkey. pic.twitter.com/mUdO9t0Asa
— Home of Fight (@Home_of_Fight) December 25, 2024