Дома Фудбал Заборавениот Артур Мелo повторно во Шпанија

Заборавениот Артур Мелo повторно во Шпанија

Фудбалерот за врска на Јувентус Артур Мело е на чекор од потпишување со Бетис. 

Како што пренесуваат шпанските медиуми, преговорите се во завршна фаза и прашање на момент е кога ќе биде официјализирана соработката.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Јувентус прифати да го позајми Бразилецот до крајот на сезоната, но сака да вклучи и обврзувачка клаузула за откуп во летниот преоден рок.

Артур ги договори сите услови, спремен е да потпише договор на четири години кога клубовите ќе се договорат. 

Во Европа дојде од Гремио како потенцијално големо засилување за Барселона, но неговата кариера не се развиваше како што се очекуваше

Летото 2020, Барса и Јуве направија размена на Мело и Пјаниќ во која двата трансфера чинеа 70 и 80 милиони евра, со што ги затворија финансиските книги во плус.

Артур не ги исполни очекувањата ниту во Јувентус, одеше на позајмици во Фиорентина, дури и во Ливерпул, но речиси нигде не играше.

Од летоска не беше во плановите на Тијаго Мота, не најде клуб, до оваа зима кога конечно веројатно ќе се пресели во Бетис. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спортинг пронајде нов тренер, за него ќе плати речиси половина од откупната клаузула на Аморим

Спортинг од Лисабон “талка” со изборот на нов тренер по заминувањето на Рубен …