Дома Фудбал Потрошија една милијарда, но се уште не сакаат да зборуваат за титулата

Потрошија една милијарда, но се уште не сакаат да зборуваат за титулата

Тренерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Марсека, и натаму тврди дека тој тим не е во трка за титулата.

Неодамна италијанскиот стратег зборуваше за конкурентноста на „сините“ сезонава во Премиер лигата, имајќи предвид дека бележат одлични резултати после неколку разочарувачки години. Тогаш изјави дека Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити се поквалитетни тимови, но Челзи му бега на градскиот ривал со два бода, а на „граѓаните“ дури осум, додека Ливерпул е на првото место со „+4“ и има натпревар помалку.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


“Ние не сме во трка за титулата и не станува збор за притисок врз играчите, клубот или мене. За мене тоа е реалност. Ние сме над сите очекувања во поглед на тоа како играме и бројот на освоени поени. Се надевам дека еден ден ќе го почувствуваме притисокот од борбата за титулата”, рече Марсека.

Доста скромна изјава која има поддршка со оглед на тоа што тимот на Челзи е многу млад, но тоа е ростер кој е широк и за кој е потрошено повеќе од 1.000.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спортинг експресно го отпушти наследникот на Аморим!

Жоао Переира повеќе не е тренер на фудбалерите на Спортинг, објави утрово клубот од Лисабо…