Бразилскиот фудбалер Винициус отпатува во Мајами во Соединетите Американски Држави каде што ќе ги помине божиќните празници, а во оваа прилика проследи НФЛ натпревар и го покажа својот нов имиџ.
Винисиус го пропушти последниот натпревар на Реал против Севиља (4:2) поради суспензија, а синоќа бразилскиот крилен играч го гледаше натпреварот на Мајами Делфинс против Сан Франциско Фортинајнерс.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Сепак, многу повеќе внимание привлече со промена на имиџот, па на Инстаграм стори го објави изгледот на својата нова фризура, каде што во прв план беа плетенките.
Се очекува дека Винисиус ќе се врати на тренинзите на Реал на 31 декември, нешто подоцна од неговите соиграчи.
Бразилецот и оваа сезона е одличен, бидејќи на 21 натпревар во сите натпреварувања постигна 14 голови и додаде 10 асистенции.
.Image: Vinicius has a new haircut. pic.twitter.com/MvlOY8FbHd
— Madrid Universal (@MadridUniversal) December 23, 2024