Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е на мета на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англичанецот е и на мета на Галатасарај, но Наполи е во пол позиција за неговиот потпис.
Со доаѓањето на Рубен Аморим многумина веруваат дека клубот ќе го продаде Мегваер, а Наполи сака да го искористи тоа.
Скот Мектоминај се пресели во Наполи минатото лето, па двата клуба имаат одлични односи.
Англичанецот има договор со Јунајтед до летото 2025 година, но Јунајтед има опција да ја продолжи соработката до 2026. Доколку не го направи тоа, тогаш продажбата во зима е последна шанса да заработи од неговото заминување.