Дома Фудбал Флик: Атлетико е најдобриот тим во Примера

Флик: Атлетико е најдобриот тим во Примера

Утре во рамките на Примера се игра големото дерби помеѓу екипите на Атлетико Мадрид и Барселона. 

Тренерот на Барселона, Ханзи Флик го пофали својот противник и истакна дека Атлетико е најдобриот тим во лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ќе биде многу тежок натпревар за нас. Тие се најдобриот тим во Ла Лига досега. Ќе биде одличен натпревар. Мора да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута. Атлетико постигнува многу голови на крајот“, изјави Флик.

„Го започнавме проектот, а на 20 декември сме први во Ла Лига и втори во Лигата на шампионите. Испуштивме бодови и штета е затоа што требаше да победиме против Лас Палмас и Леганес. Почит за нив бидејќи одиграа подобро од нас и тоа мора да го прифатиме. Утре имаме уште една шанса да се докажеме“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер против Јувентус, тотална борба на трансфер пазарот, можен трејд и на Србин

Интер и Јувентус ќе се сретнат на терен за првпат оваа сезона во Торино средината на септе…