Дома Фудбал Во Звезда цврсто стојат на ставот: Веќе кажавме дека цената за него е 20 милиони евра!

Во Звезда цврсто стојат на ставот: Веќе кажавме дека цената за него е 20 милиони евра!

Црвена звезда оствари профит од 95 милиони евра во изминатава година, изјави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ. Според него, најмногу пари Звезда заработила од бонусите на УЕФА и трансферите на играчи, а во овој момент има уште неколку фудбалери кои се интересни за клубови од странство.

Од одамна се знае дека највреден фудбалер е несомнено Андрија Максимовиќ, а Терзиќ навести дека би можеле да заминат и Насер Џига, односно Шериф Ендиај, за кои понудите се најголеми.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кажавме дека 20 милиони евра е цената за Андрија Максимовиќ. Тоа не го кажуваме на медиумите, туку на заинтересираните страни. Се разбира, клубовите преговараат и се обидуваат да поминат поевтино, сакаат нешто фиксно, нешто преку бонуси. Ние не брзаме кога станува збор за неговата продажба бидејќи сме свесни дека ќе се развива како играч. Има само 17 години и физичката сила ќе му дојде и тогаш ќе ја покаже својата генијалност“, изјави Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо ја „отвори вратата“ за заминување на еден од најдобрите во Реал Мадрид

Еден од најперспективните фудбалери на Реал Мадрид, Родриго Гое, би можел да го напушти „С…