Дома Фудбал Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Јануарскиот трансфер период е моментот кога Галатасарај сака да ја засили последната линија, а турските медиуми пренесуваат дека шампионот на таа држава е заинтересиран за Милан Шкрињар.

Словакот е на излезните врати од Пари Сен Жермен, кој нема ништо против да го испрати на позајмица, а Галата тука ја гледа својата голема шанса.

Шкрињар пред ПСЖ настапуваше за Интер, кој го напушти по истекот на договорот, а во последните месеци се шпекулираше дека е блиску до Јувентус.

„Старата дама“ е сè уште во игра, но Галатасарај е подготвен да ги забрза преговорите, бидејќи наводно Шкрињар дал „зелено светло“ за да ја продолжи кариерата во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Платини директен: Инфантино мора да замине!

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, ги освежи своите критики кон лидерот на св…