Дома Фудбал Легендата откри: Салах потпишал нов договор со Ливерпул

Легендата откри: Салах потпишал нов договор со Ливерпул

Легендата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро изјави дека според неговите информации Мохамед Салах веќе потпишал нов договор со Ливерпул.

Договорот на Египќанецот со „црвените“ истекува на крајот од сезоната и постои сериозна неизвесност околу неговата иднина.

„Последниве неколку часа читам на оваа тема. Колку што разбрав Салах потпиша нов договор со Ливерпул на уште две сезони. Мислам дека тоа треба да стави крај на секој сомнеж за неговата иднина. Тој останува важен играч и новиот договор е најдобрата вест што Ливерпул може да ја добие“, изјави Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…