Дома Моторспорт Ред Бул изненади со изборот на наследник на Перез

Ред Бул изненади со изборот на наследник на Перез

Макс Верстапен ја одбрани титулата светски првак, но Ред Бул Рејсинг не се многу задоволни од сезоната во која ја изгубија титулата за конструктори, а виновен за тоа е Серхио Перез. Мексиканецот, се чини, го заврши своето во Формула 1 бидејќи Ред Бул одлучи да ангажира друг возач.

Чеко Перез пристигна во Формула 1 уште во 2011 година кога потпиша за Заубер, а во Ред Бул пристигна десет години подоцна по неколку одлични сезони за Форс Индија.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Иако Перез беше одличен во првата сезона каде директно влијаеше Верстапен да ја освои титулата пред Луис Хамилтон, нему не му пречеше што е втор возач во тимот и поголем дел од времето работеше за Макс.

Сепак, претходната сезона за Перез беше очајна. Иако Макс ја одбрани титулата, на крајот очајната форма на Перез го чинеше Ред Бул кој не успеа да ја одбрани титулата за конструктори која замина во рацете на Мекларен.

Денес се појави информација дека Ред Бул „пресече“ и одлучи да му се заблагодари на искусниот Мексиканец за соработката и тоа што го даде за тимот во претходните четири сезони.

Местото на Перез во Ред Бул, според сите информации, ќе го заземе Лиам Лоусон иако се очекуваше тоа да биде Јуки Цунода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Перез ќе ги пакува куферите: Ред Бул ја најде неговата замена

Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, најави кои би можеле да бидат наследници на С…