Дома Останати Тенис Кирјос: Надал го мразев повеќе отколку Ѓоковиќ и Федерер

Кирјос: Надал го мразев повеќе отколку Ѓоковиќ и Федерер

Ник Кирјос беше гостин кај Џон Иснер, Сем Квери, Џек Сок и Стив Џонсон во подкастот „Ништо важно“. Меѓу другото, зборуваше за неговиот однос кон „големата тројка“. На мета беше неговото навредливо однесување кон Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

До пред неколку години, Австралиецот изјавуваше многу работи за нив двајцата, односно неговите изјави ја преминуваа границата. Сега објасни зошто се однесувал така. Вели дека најмногу на нишан му бил Надал.

„Не го поднесував, го мразев и чувствував бес кога го гледав“, признава Кирјос, чие однесување кон Шпанецот беше многу грубо.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


„Кога играв против него, сите го сакаа, сите велеа дека е голем тенисер. Сакав на сите да им покажам дека е можно да се забавуваш, да бидеш смирен и да победуваш играчи на таков начин.

Кирјос вели дека токму таквото однесување и размислување му носело голема мотивација против Надал, па затоа го победил во три од девет средби:

„Тој секогаш ме мотивирал до крај. Кога играв против него, се трудев да играм најдобро што можам. Таква лутина не чувствував кога играв против Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во Бризбејн ќе игра во парови со човек кој му беше голем непријател

Првата недела од 2025 година ќе ја одбележат најдобрите светски тенисери кои ќе се вратат …